Карачиќ: Сите од Вардар заслужија да бидат МВП

ЕКИПА во Келн,

Катерина Павлова Николовска

Ниту повредите, ниту противниците не му можат ништо. Едноставно е несопирлив. Игор Карачиќ го предводеше Вардар до нова титула, а доби чест од капитенот Столе Стоилов и прв да го крене шампионскиот пехар. Го доби и признанието за МВП играч на Ф4 турнирот во Келн.

„Сите од Вардар заслужија да бидат МВП. Горд сум на сите соиграчи, одигравме храбро, со победнички карактер, покажавме со каква желба го носиме дресот на Вардар. Имавме многу проблеми, и со повреди, и со финансии во текот на целата сезона, и на крајот успеавме. Навистина сме горди“, изјави Игор Карачиќ по триумфот над Веспрем во финалето на Ф4 турнирот во Келн.

Се вчитува...