Карачиќ: Среќни сме за трофејот, ама плативме преголема цена за него

ЕКИПА во Брест,

Катерина Павлова Николовска

Вардар и петти пат го крена шампионскиот трофеј во СЕХА – лигата, а капитенот му ја препушти честа на Игор Карачиќ, ракометарот кој долги години го носеше „црвено-црниот“ дрес, а по завршувањето на сезоната ќе си замине од клубот. Тој е среќен за пехарот, но и тажен поради повредата на Дисингер.

„Можеби е посебно, затоа што го кренав пехарот. Но, малку сум збунет, и јас и сите соиграчи. Во мислите ни е повредениот Дисингер, се надевам дека ќе биде добро и дека брзо ќе се опорави. Плативме преголема цена за оваа титула. Вардар е индивидуално поквалитетен од Загреб и тоа го докажавме и во ова финале. Мислам дека тие дадоа и повеќе од максимум, а ние повторно победивме. Сега одиме на вториот трофеј“, изјави Игор Карачиќ по триумфот на Вардар во СЕХА лигата.

Се вчитува...