Карачиќ: Столе е мангуп од скопскиот асфалт, а Чупиќ – невиден мотиватор

Игор Карачиќ беше еден од ракометарите со најдолг стаж во Вардар пред летово да ги напушти „црвено-црните“ и кариерата да ја продолжи во Киелце. Хрватот секогаш со гордост се навраќа на времето минато во таборот на македонскиот првак, со комплименти говори за соиграчите, а највисоко мислење како човек има за капитенот Стојанче Стоилов.

„Столе Стоилов, тој е мангуп од скопскиот асфалт, мажиште како што би рекле Македонците. Столе е вистински пријател, кој знае да те научи многу лекции во животот“, изјави Карачиќ во интервјуто за „Балкан Хендбол“.

Хрватот се присети и на моментот на полувремето од полуфиналето против Барселона, кога при „минус седум“ Иван Чупиќ нашол невообичаен начин да ги мотивира „вардарци“.

„Седевме во соблекувалната, во голема негатива, а тогаш Чупиќ стана и кажа дека кога можевме да се вратиме од „минус девет“ со Работник, ќе можеме да го сториме тоа и на „минус седум“ против Барселона. Во прв момент се погледнавме чудно, но по тој говор се обединивме… и на крајот успеавме да го комплетираме големиот пресврт“, се присетува Карачиќ.

Се вчитува...