Карачиќ: Вардар е приказна за цел живот

Херојот на Вардар, ракометарот кој беше еден од клучните за најголемите, историски успеси на „црвено-црните“, Игор Карачиќ признава дека љубовта кон скопскиот клуб му е за цел живот. Во осумте години поминати во Скопје, хрвтскиот репрезентативец доживеа бројни успеси кои го ставија во редот на најголемите миленци на вардаровата армија навивачи. Во сензационално освоената втора титула, минатиот јуни во Келн во Лигата на шампионите, Карачиќ го понесе и престижното признание, МВП.

„Вардар е приказна за цел живот. Осум години поминав во Скопје, се оставив буквално целиот таму. Скопје ме врза за цел живот. Иако македонците пишуваа дека дури и ќе живеам таму, тоа сепак не е точно. Вистината е дека во Скопје пронајдов и љубов. Си заминав од чисто спортски причини. Некои работи престанаа да функционираат, но по осум години ми требаше и нов мотив. Добив одличен догвор во Полска, добив врвен клуб и шанса и натаму да се остварувам како играч“ – објаснува Карачиќ.

Наградата за најкорисен играч на завршниот турнир во Келн ја доживува како огромно признание.

„Тоа е врвот, да бидеш првак на Европа и уште и да бидеш МВП на таква завршница. Тоа се работи кои се паметат. Во Келн во јануари бевме запрени од Германија и од Бразил со хрватската репрезентација, по неколку месеци се вратив и отидов до крај. МВП наградата никогаш не ја очекуваш. Секогаш мислиш дека ќе биде некој друг. Мора во тимот да имаш петмина МВП ако сакаш да го освоиш Ф4 турнирот. Ние ги имавме Криштопанс, Милосављев, Стоилов, Дибиров, Скубе…. 

Огромна драма се случувала во соблекувалната на полувремето на дуелот против Барселона во полувиналето. Главниот збор го имал Иван Чупиќ.

„Ако веруваш и немаш притисок дека нешто мораш тогаш си најсилен, а ние бевме баш такви. Полуфиналето беше преголем притисок за Барселона затоа што две години претходно со голот на Циндриќ ги победивме. Мислам дека тој притсок беше пресуден во последните 15 минути кога целата сала беше на нозе и навиваше за нас, а бевме на минус четири негатива. Тоа е назаборавно. Се сеќавам дека Чупко имаше главен збор на полувремето во соблекувалната. Не полувремето имаше прописно „дерење“. Потоа во финалето Веспрем едноставно немаше шанса дури и кога ни се приближи во 40. минута. Бевме премногу самоуверени, тоа беше Вардар во вистинското светло“.

Првата понуда од Килце пред неколку сезони ја одбил. Двата клуба не може да се споредуваат.

„Не беше лесно да се замине по сето тоа и по огромната љубов која ја имав од навивачите ов Скопје. Киелце е сосема поинаков менатлиет, овие две рабои не може ниту да се споредуваат. Талан Душебајев ме повика во Киелце уште пред три-четири години, но тогаш одбив и ја донесов вистинската одлука што останав во Вардар. Сега беше вистинското време за промена“.

Игор Карачиќ беше прогласен за најдобар ракометар на Хрватска за 2019 години. Следниот предизвик му е претстојното Европско првенство и се надева дека и со националниот тим ќе дојде до успеси како оние со Вардар.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...