Карачиќ: Знам се за Вардар, знам колку ќе ни биде тешко

Игор Карачиќ мина седум години во дресот на Вардар, како член на „црвено-црните“ освои и две европски титули, а сега втора сезона по ред како гостин ќе пристигне во СЦ „Јане Сандански“. Хрватот е емотивен во пресрет на утрешниот дуел меѓу Вардар и Киелце, на кој токму тој ќе биде меѓу главните адути на Талант Душебајев за триумф во Скопје.

„Се уште имам многу пријатели таму. Знам се за Вардар, знам кој е лудерот во овој тим. Знам колку ќе ни биде тешки, но јас секогаш сакам да играм тешки натпревари“, вели Карачиќ.

Хрватот предупреди дека клуч на натпреварот ќе биде да се најде одговор за одбраната на Вардар.

„Македонскиот тим игра извонредно цврсто во одбраната. Го гледавме нивниот меч со Фленсбург, одбраната 5-1 со Дибиров како најистурен функционираше одлично. Ќе мораме да најдеме начин да го решиме тој проблем ако сакаме да победиме“, порачува поранешниот „вардарец“.

Се вчитува...