Караџовски не се договори со Кожув

Димитар Караџовски нема да го носи дресот на Кожув во наредната сезона откако искусниот плејмејкер не се договори со прволигашот од Гевгелија за камбек во таборот на „црвено-белите“ од југот на Македонија. Тој ја почна ланската сезона во дресот на Кожув, но пред самиот почеток на плејофот се пресели во редовите на Работнички.

Најавите во тој период велеа дека соработката со Работнички е краткорочна и Караџовски во текот на летово ќе се врати назад во Кожув, во изминатиот месец се преговараше на таа тема, но двете страни не успеаја да најдат заеднички јазик.

„Дефинитивно нема да го носам дресот на Кожув наредната сезона. Имаше разговори, но не успеавме да најдеме заеднички јазик. Во наредниот период ќе донесам одлука која понуда ќе ја прифатам од неколкуте кои веќе ги имам добиено од прволигашките екипи во Македонија“, изјави Караџовски.

Се вчитува...