Карагер ја осуди идејата за Суперлига: Ливерпул ова е бедно, засрамете се!

Најавата од Реал Мадрид дека 20 европски клуба ја започнуваат Суперлигата, затворен турнир во кој учество ќе имаат најбогатите, предизвика негодување низ целиот свет.

Навивачите и легендите на клубовите што најавија учество на овој турнир се побунија против идејата за Суперлига. Еден од нив е Џејми Карагер, легендарниот дефанзивец на Ливерпул, кој на „Твитер“ јавно ја критикуваше управата на „црвените“.

“Ливерпул ова е бедно, каква срамота станавме! Да се ​​потсетиме на сите што биле во овој клуб пред нас и кои подеднакво би се срамеле”, порача Карагер.

Целата кариера Карагер (1996-2013) ја помина во Ливерпул, каде со 737 настапи е втор во вечната листа, додека со 149 натпревари во европските купови е рекордер на „црвените“. По пензионирањето, тој стана почитуван коментатор на фудбалска телевизија.

Потсетуваме дека Реал, Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем објавија дека постигнале договор за создавање на ново натпреварување – Суперлигата на Европа.

Се вчитува...