Карагер: Меси ми се налути и ме нарече магаре!

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси изненади многумина кога минатото лето реши да ја напушти Барселона и да потпише за ПСЖ, а неговиот потег предизвика голем број реакции во светот на фудбалот.

На трансферот реагираа многу поранешни и сегашни фудбалери, па и други спортисти кои имаа што да кажат на таа тема, а еден од нив бил Џејми Карагер, кој откри дека Аргентинецот го нарекол – магаре.

Легендарниот фудбалер на Ливерпул, заедно со Гер Невил, води позната емисија на „Скај Спорт“ и откри дека го налутил Меси.

„Меси не е среќен. На почетокот на сезоната кажав дека Роналдо не е добро засилување за Манчестер јунајтед. Како пример го искористив заминувањето на Меси во Париз, зашто сметав дека ниту трнсферот на Лео не е добар. Потоа добив приватна порака на Инстаграм, краток текст во кој Меси ме нарече – магаре“, откри Карагер.

Се вчитува...