Карагер: Наместо да му подигнат статуа на Раниери, тие го избркаа…

Фудбалскиот свет со неверување ја прими веста дека Клаудио Раниери, стратегот што го предводеше Лестер во неверојатната бајка за освојување на шампионската титула во Премиер – лигата, вечерва е сменет од функцијата, откако сега тимот се бори за опстанок во елитното англиско фудбалско друштво. Еден од аналитичарите на Премиер – лигата, поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер, смета дека тоа е катастрофален потег на раководството на Лестер.

„Требаше да му подигнат статуа пред стадионот. Сите знаеме дека фудбалерите на Лестер немаат таков квалитет, а тој ги водеше магично до освојување на шампионската титула. Знаете ли каков успех постигна Лестер под негова команда?! А, сега го избркаа. Тоа е нешто што нема никогаш да го сфатам. Отказот му го дадоа еден ден откако Лестер загуби со 2-1 од Севилја и се уште има реални шанси да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Ако треба некој да се запраша што прави, тогаш тоа се раководните луѓе во клубот и фудбалерите“, искоментира Карагер по отказот за италијанскиот стратег Клаудио Раниери.

Се вчитува...