Карагер нешто наслушнал за иднината на Слот во Ливерпул

Судбината на Арне Слот е една од омилените теми на медиумите во Англија речиси цела сезона. Обично се базира исклучиво на резултатите, а никогаш на околностите што доведоа до тие резултати.

Џејми Карагер е еден од оние што доста често се занимаваат со оваа тема, па така е и овој пат. Поранешниот играч на клубот од „Енфилд“ вели дека слушнал дека Слот ќе остане во клубот ако Ливерпул обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона.

„Иднината на Арне Слот на клупата на Ливерпул е тема за која се зборува цела сезона. Честопати разговаравме за тоа во оваа емисија. Веројатно постои несогласување меѓу навивачите на Ливерпул околу таа тема, дали треба да си оди или да остане. Но, гласините што ми доаѓаат велат дека Слот ќе биде тренер на Ливерпул следната година ако освојат место во Лигата на шампионите, и како што стојат работите, тоа ќе се случи“, рече Карагер. 

Се вчитува...