Караколев: Ова е финале, ќе одиме на се или ништо

Првата лига утре се враќа во етерот со најинтересниот дел од првенството, финлната серија во разигрувањето за тиутла во која силите ќе си ги одмерат МЗТ Скопје и Еуро Никел.

Кавадарчани на патот до финалето ги совлада Гостивар и Работнички со по 2-0, па убедливо најискусниот тим во лигата влегува со блага фаворитска улога на овој меч.

„Со оглед на тоа што ги победивме Гостивар и Работнички со по 2-0 во четвртфиналето и полуфиналето атмосферата во клубот е на највиско ниво, а сепак и станува збор за финале. Сите играчи се здрави, немаме повреди и тоа е најважно. Нормално одиме на победа, ќе дадеме се од себе, без разлика на тоа што играме на гостински терен“, изјави за ЕКИПА, Никола Караколев.

Во сенка на перфектниот пат до финалето за кавадарчани остана падот во играта во последните четвртини, но Еуро Никел имаше доволно време за одмор, а како што вели искусниот Караколев фактот дека ова е финална серија дава и дополнителен елан.

„Одморивме по натпреварите со Работнички па во овој меч ќе влеземе со доза на одмор, но колку и да сме уморни станува збор за финале, има дополнителмна мотивација. Ќе дадеме максимум и се надевам дека ќе победиме“, додава бекот на Еуро Никел.

Караколев во оваа серија ќе има и мотив повеќе со оглед на тоа што настапува против својот поранешен клуб, и воедно тимот кој му ја спрчи шансата за втора титула на домашната сцена во финалето во 2015 година кога се сретнаа МЗТ Скопје и Куманово.

„Нормално дека има дополнителна мотивација играм против својот поранешен клуб, а тоа е мотив повеќе, ќе дадам се од себе. Пред неколку години загубивме против МЗТ Скопје, но се надевам дека сега ќе надокнадам и за таа серија и се надевам дека ќе освоиме оваа година“, вели искусниот играч.

Финалето започнува утре со почеток од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ што всушност е и една нелогична одлука со оглед на тоа што Еуро Никел во регуларниот дел од сезоната заврши на третото место на табелата, додека составот од Аеродром место зад кавадарчани.

Се вчитува...