Караколев: Презадоволни сме од целата сезона, гиневме машки до крај

Еуро Никел не успеа да ја закити одличната сезона со титула откако во финалето од првенството кавадарчани беа порази од екипата на МЗТ Скопје со 3-0. „Сино-белите“ прикажаа одлична игра во текот на целата сезона со која ги собраа симпатиите на кошаркарските заљубеници.

Ретко кој во Кавадарци очекуваше Еуро Никел да се избори за финале во кое кавадарчани беа и „аутсајдери“, но на крајот со голема борба во текот на целата серија го намачија аба-лигашот.

„Презадоволни сме од целата сезона, за нас и самото финале е успех. На почетокот на сезоната не ни мислевме дека можеме да дојдеме од тука, но се изборивме машки и гиневме до крај. Честики до МЗТ за титулата. Најбитно е што ја завршивме сезоната како што треба, нема никој повреден и тоа многу радува. Следува одмор па ќе видиме што како за следната сезона“, изјави за ЕКИПА, Никола Караколев.

Се вчитува...