Каран: Во Струмица победи тимот, Шкупи има фудбалери со огромно срце

Шкупи успеа да го запре победничкиот од на Академија Пандев во пролетната сезона, славејќи со 0-2 на гостувањето во Струмица.

Без сомнение, една од клучните фигури за триумфот на Шкупи е тренерот Умит Каран кој успеа тактички да креира постановка за сигурни три бода на чаирчани. Каран, според изборот на МАКФУДБАЛ, го понесува и епитетот „тренер на 21. коло од ПМФЛ“…

„Најпрво би сакал да кажам дека ова беше победа на тимот. Јас силно верувам во капацитетот на моите фудбалери, а тие ја оправдуваат довербата се повеќе од натпревар на натпревар. Среќен сум што имам играчи со одличен карактер и огромно срце. Клучот на нашите успеси е тимот, а не поединецот. Така сакаме да биде и во иднина“ – вели Каран, и дополнува:

„Мора да нагласам дека воопшто не беше лесно да се дојде до победата против тим како Академија Пандев кој имаше две победи во претходните две кола. Знаевме дека е важен натпревар за нас и максимално мотивирано му пристапивме. За трите бода најзаслужни се фудбалерите. Им честатам и се надевам дека ќе продолжиме во ист стил и во иднина“.

Шкупи по првите три пролетни кола има едно реми и две победи. Во следното коло, на 10. март, на Чаир го пречекува лидерот Шкендија.

Се вчитува...