Караница во соблекувалната на Барселона, нема да биде откупен договорот на Траоре

Барселона изминатиот викенд ја победи Мајорка со 2-1, и со тоа дојде до првиот триумф после три порази на домашен терен во сите натпреварувања.

Каталонците сега се на чекор до обезбедување на учество во Лигата на шампионите следната сезона, но овој шампионат беше под очекувањата за овој тим.

Јасно е дека атмосферата во соблекувалната на Барселона не е идеална, а тоа покажува дека Чави не е задоволен од одредени поединци, како што е Адама Траоре.

Траоре наводно не бил задоволен од минутажата против Мајорка, па имал долг разговор со братот на Чави, кој воедно е помошник во екипата. И тоа како го налутило Чави, кој најавил дека нема да го откупи неговиот договор од Вулверхемптон. Тоа значи дека крилниот играч се враќа во премиерлигашот по завршувањето на сезоната.

Се вчитува...