Караско од пенал го одлучи мадридското дерби (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид славеше со 1-0 во градското дерби против Реал како дел од 35. коло во шпанската Ла лига. Натпревар на кој Карло Анчелоти ги поштеди своите најдобри фудбалери, Карим Бензема и Тибу Куртоа, па беше и повеќе од очекувано дека домаќините ќе дојдат до значајни три бода во битката за Лигата на шампионите.

Сепак, не беше се така лесно за „душекчиите“, а натпреварот го реши Јаник Караско со гол од пенал во 40. минута со кој ги постави конечните 1-0. Реал Мадрид уште минатото коло ја осигура рекордната 35 титула во Ла лига, па сега „кралевите“ ги очекува уште финалето во Лигата на шампионите против Ливерпул.

 

Atletico Madrid [1] – 0 Real Madrid – Yannick Carrasco penalty 40′ from soccer

 

 

 

Се вчитува...