Карасманакис: Не се опишува со зборови, на 20 години да играш и да дадеш гол за Македонија

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Валентин Карасманакис цел живот ќе го памети вчерашниот ден, кога младиот пивот на РК Алкалоид доби шанса да дебитира за националниот тим на едно големо натпреварување.

Тој првите две средби ги проследи од трибините на арената во Вараждин, но во ситуација кога Марко Митев се здоби со незгодна повреда селекторот Лазаров го избра токму Карасманакис за негова замена.

„Искрено, до пред неколку часа пред натпреварот не знаев дека ќе бидам во составот. Го правев она што се бараше од мене, тренирав напорно и тоа вроди со плод. Не можам да ја опишам гордоста, на 20 години да го облечеш дресот на Македонија, да играш на Светско првенство… Згора на тоа постигнав и гол во првиот обид, тоа е нешто што ќе го паметам додека сум жив. Среќен сум за своето деби, но уште повеќе за победата. Не ја потценивме Гвинеја, одигравме квалитетен натпревар и заслужено славевме и ја остваривме првата зацртана цел за овој шампионат – пласман во главната рунда“, изјави Карасманакис.

Се вчитува...