Каратистите ги почнаа финалните подготовки за Европското првенство во Белград

Македонската репрезентација во традиционално карате ги стартуваше финалните подготовки за 33. ЕТКФ Европски шампионат за сениори, младинци, јуниори и кадети кој од 14. до 16. септември ќе се одржи во Белград, Србија.

Пред овие подготовки македонските каратисти од 10. до 17. јуни учествуваа на првите подготовки и карате семинар во Неа Флогита, Грција.

Подготовките за ЕТКФ шампионатот се одвиваат во Скопје во двата најсовремени карате центри на КК Работнички и КК Недеви кој ги водат селекторот и тренерот на репрезентацијата проф. Венцислав Недев и д-р. Дејан Недев.

Список на репрезентативци повикани на подготовки пред ЕШ: Дејан Недев, Аљоша Недев, Јадранка Недева, Емилија Јанчевска, Матеј Ангеловски, Бојан Богдановиќ, Спасе Стојанов, Борјан Кондев, Петар Костов, Берта Милевска, Јана Милевска, Мила Саздова, Јелена Дробниќ, Огнен Тасевски, Димитар Витанов, Димитри Влахо, Ведран Андоновски, Максимилијан Глигоров, Ивона Лаушевиќ, Сара Поповска, Антонија Белазелкоска, Игор Зафировски и Мила Младеновска.

Две недели пред ЕШ во Белград сениорската репрезентација ќе земе учество и на ЕТКФ карате семинарот кој од 24. до 30. август ќе се одржи во Костанца, Романија.

Се вчитува...