Каратистката Мојсовска со сребрен медал во Ријека

Македонската репрезентативка во карате, Ангела Мојсовска (-68 кг, Макпетрол) го освои сребрениот медал во сениорска конкуренција на силниот Меѓународен турнир „Кроација опен“ во Ријека. Мојсовска до медалот стигна со три победи и еден пораз. Таа во првото коло ја совлада Деси Рубини од Италија со резултат 6-1, потоа во второто коло ја победи Јована Вулиновиќ од Србија со 3-1 и во полуфиналето беше подобра од Џулија Каната од Италија 3-0. Во финалето Мојсовка загуби од домашната натпреварувачка Ивана Бебек со резултат 1-3.

Ова беше многу силен силен натпревар и претставуваше последна контрола пред светското првенство кое треба да се одржи во месец Октомври во Тенерифе, Шпанија. На турнирот имаше државни репрезентации и каратисти од 28 европски држави кои дојдоа во Ријека, да ја контролираат својата подготвеност. Ангела Мојсовска на овој турнир покажа добра подготвеност и голема зрелост, таа имаше осум борби и успеа да освои сребрен медал во сениорска конкуренција иако е јуниорка. Поради тоа јас сум многу задоволен од нејзиниот настап. Сега останува во следниве 20-тина дена да ја подигнеме формата кај сите наши спортисти и да ги испратиме максимално подготвени на светското првенство во Шпанија“ – изјави тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.

 

Се вчитува...