Каратсев зеде уште еден скалп и испиша историја на Австралија Опен

Русинот Аслан Каратсев продолжи со сензационалниот настап на Австралија Опен откако успа да го совлада Григор Димитров и да се пласира во полуфиналето на овој гранслем турнир. Каратсев беше на 114. место на последната АТП-листа, што го прави играч со најслаб ранкинг што игра полуфинале во Мелбурн во последните две децении.

Димитров тргна имресивно и го доби првиот сет со 2-6, но од тој момент па се до крајот на мечот можеше да се проследи апсолутна доминација на Каратсев, кој во следните три сета славеше со 6-4, 6-1, 6-2, за место меѓу најдобрите четири тенисери на овој гранслем турнир. Негов следен ривал ќе биде подобриот од дуелот Ѓоковиќ – Зверев.

Во женскиот дел од турнирот Наоми Осака лесно и убедливо ja совлада Хсиех со 6-2, 6-2, за рутинска победа и пласман во полуфиналето. Хсиех направи дури 23 неизнудени грешки, олеснувајќи и ја задачата на Осака, која ќе се обиде да го повтори успехот од 2019 година, кога триумфираше на Австралија Опен.

Се вчитува...