Кардиф го враќа Алваро Негредо на Островот?

Новиот англиски премиерлигаш Кардиф во последните мигови од летниот преоден рок во Англија ќе се обиде да стигне до шпанскиот напаѓач Алваро Негредо. Тој е член на Бешикташ, но би можел повторно да се врати на Островот и тоа за сума од само 3,5 милиони фунти. Ова го прави навистина посакувано засилување за велшкиот тим кој повторно ќе биде дел од англиската фудбалска елита.

Алваро Негредо од 2013 до 2015 играше во редовите на Манчестер сити, а потоа во 2017 година го носеше и дресот на Мидлбсоро како позајмен играч. Менаџерот на Кардиф, Нил Ворнок, се надева дека со искусниот Негредо ќе ги зголеми шансите за опстанок во Премиер – лигата.

Се вчитува...