Кардиф нема намера да му плати на Нант за Сала

Со изјава во која се набројуваат низ неправилности во договорот за трансферот на Емилијано Сала, а која ќе ја испрати до ФИФА, Кардиф има намера да го побива побарувањето на Нант за аргентинскиот играч.

Кардиф сега тврди дека Премиер-лигата не го регистрирала договрот на Сала поради структурата на исплатата која наводно била надвор од правилата кои важат во Англија. Спред клубот, во договорот имало и бројни законски обврски кои не биле испочитувани, па затоа од Кардиф тврдат дека Сала ќе требало да потпише нов договор.

Ова се главните аргументи на клубот кој одбива да го исплати обештетувањето за фудбаерот кој трагично го загуби животот во авионска несреќа. Нант пак си ги бара парите врз основа тоа што договорот бил заведен во интернационалните институции.

Се вчитува...