Карембу: Ја одбирам Македонија меѓу оние селекции за кои ќе навивам во баражот

Легендата на францускиот фудбал Кристијан Карембу како гостин на ФИФА денеска во Цирих на ждрепката за бараж-дуелите за пласман на СП 2022, непосредно пред ждрепката истакна дека ја одбира Македонија како една од селекциите за кои ќе навива во баражот и од кои очекува да бидат изненадување.

„Знаете што одбирам три селекции кои сакам да ги издвојам во овој бараж, Шкотска, Велс и Македонија. Очекувам да има изненадување и зошто да не очекувам некоја од овие репрезентации да изненадат во плеј-офот за пласман на Мундијалот“ – истакна Карембу.

Се вчитува...