Кари ги елиминираше Клиперси, Филаделфија во плеј-офот

Кошаркарите на Филаделфија се пласираа во плеј-офот со поебда од 109-97 над Орландо Меџик. Иако беа без Џоел Ембид, сепак, Филаделфија успеа да триумфира и да закаже соочување со Бостон Селтикс во првото коло од плеј-офот.

По изедначеното прво полувреме, домаќините ја презедоа контролата врз играта со серија од 13:2 за да ја отворат третата четвртина со 73:62. Орландо намали на 87:86, но серијата од седум поени на Тајрис Мекси спречи пресврт. Сиксерсите продолжија да водат до самиот крај, каде што добрите шутеви им донесоа безбедна дистанца. Верувале или не, натпреварот беше завршен со тројка на Андре Драмонд.

Тајрис Макси ги предводеше Сиксерси со 31 поен, Кели Убре и ВЈ Еџкомб ги следеа со по 19 поени, а Еџкомб имаше 11 скока како бек.

Дезмонд Бејн беше најдобар стрелец на Орландо со 34 поени. „Меџик“ ќе имаат шанса да го надоместат загубеното против Шарлот Хорнетс.

Голден Стејт Вориорс, пак, го елиминираше тимот на ЛА Клиперс победувајќи го со 126-121. Клиперси имаа водство од 98-85 на 10 минути пред крајот на мечот. Потоа започна серијата на тројки на Голден Стејт. На Кари му помогна и Ги Сантос и Крисапс Порзигинс, а особено Ал Хорфорд со своите четири тројки, од кои три по ред.

Кари беше тука кога беше најпотребно, уфрли тројка за 120-117 на 51 секунда до крајот, а потоа се надоврза и Подзијемски. Кари го заврши мечот со 35 поени, од кои седум тројки од 12 обиди.

Голден Стејт против Феникс ќе се бори за влез во плеј-офот, и мечеви со Оклахома Сити.

Се вчитува...