Кари како „снајпер“ – десет тројки против Сакраменто (видео)

Стеф Кари беше најзаслужен за победата на Голден Стејт над Сакраменто (125-123), постигнувајќи 36 поени, од кои дури 30 со удари за тројки.

Асот на „воините“ постигна десет тројки од вкупност 16 обиди, три од нив во последната четвртина, за да не дозволи изненадување на дуелот со „кралевите“ од Сакраменто.

„Кралевите“ дефинитивно му лежат како ривал на Кари, кој и на првиот меч годинава, одигран на 6 јануари, исто така погоди десет тројки против Сакраменто, завршувајќи го тој натпревар со 42 поени.

Се вчитува...