Во Манчестер Јунајтед владее апсолутен хаос, а доказ за тоа се информациите што „протекоа“ од соблекувалната. Многу фудбалери воопшто не разговараат меѓусебно.
Манчестер Јунајтед повторно е во вистински хаос. „Црвените ѓаволи“ влегоа очајно во новата сезона, а најголемата цена ќе ја плати менаџерот Мајкл Карик, кој е пред отказ.
Карик ја загуби соблекувалната, играчите повеќе немаат почит кон него, а меѓусебните односи меѓу играчите се катастрофални.
Најновите информации од Олд Трафорд велат дека сè се распаѓа во клубот. Прашање е кога нешто ќе „експлодира“.
„Неколку играчи на Манчестер Јунајтед воопшто не разговараат меѓусебно. Ова го потврди извор од клубот“, објавуваат медиумите од Островот.
Клубот наводно веќе подготвува замена за Карик. Антонио Конте е главен кандидат за менаџерската позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
