Српски тенисер суспендиран на 24 години поради местење натпревари

Српскиот тенисер Стефан Миличевиќ е суспендиран на 24 години откако Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ИТИА) утврди дека учествувал во местење натпревари и се обидел да вклучи и други играчи во корумпираната мрежа.

Миличевиќ, кој некогаш беше 1.338. тенисер на светот, нема да има право да се натпреварува до 2050 година.

Според соопштението на ИТИА, откриено е дека тој наместил шест натпревари меѓу 2022 и 2024 година, а се обидел да намести уште шест. Во пет од шесте потврдени случаи, тој самиот учествувал на теренот.

Во периодот од 2022 до 2024 година, Миличевиќ одиграл вкупно 11 професионални натпревари, сите на трето ниво на професионален тенис.

Истрагата, сепак, отиде подалеку од неговите сопствени натпревари.

ИТИА тврди дека Милиќевиќ регрутирал или се обидел да регрутира други играчи како дел од корумпирана мрежа, што довело до тоа голем број други тенисери да учествуваат во местењето.

Српскиот тенисер не соработувал дури ни за време на истрагата спроведена во 2026 година. Агенцијата тврди дека седум пати се обидела да го добие неговиот одговор, преку различни канали.

Поради ова, неговиот случај дури и не стигнал до службеникот за антикорупциски сослушувања. Миличевиќ не одговорил на обвинувањата ниту на известувањето за сериозно прекршување што му било испратено на 24 септември, па казната автоматски била изречена без писмена одлука од сослушувањето.

Се вчитува...