Македонија со тројца претставници ќе учествува на Европското кадетско триатлон првенство кое утре стартува во Мељиља, Шпанија.
Бистра Груевска, Сергеј Малјановски и Марио Брезовски ќе бидат македонските натпреварувачи на Европското првенство.
„Бистра, Сергеј и Марио ќе застанат на стартот со желба да го дадат најдоброто од себе и достоинствено да ја претставуваат нашата земја“ – порачаа од Триатлон федерацијата на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
