Сенегалецот Демба Сек е исфрлен од тимот на Партизан откако нападнал соиграч.
Според информации од Белград, Сек направи сериозен скандал. Тој се нафрлил на соиграч, следела физичка пресметка и сенегалскиот офанзивен играч бил исклучен од тимот.
Ова не е прв скандал на Сек во црно-белиот дрес. Тој претходно предизвикувал сериозни проблеми и ова било последната капка пред отстранувањето од првиот тим.
Сега сè зависи од раководството на клубот. Сенегалецот стана сериозен проблем за тимот. Партизан го купи овој фудбалер од Торино за 1,4 милиони евра. Оваа сезона, тој постигна четири гола со две асистенции во 14 настапи.
Тимот од Хумска не се снаоѓа добро ниту оваа сезона. Тие се далеку од врвот и ова е само уште еден проблем во серијата. Партизан сега ќе мора брзо да најде начин да ја стабилизира соблекувалната и да спречи целиот случај да има дополнително влијание врз атмосферата во клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
