Кејн и Баерн: сè е договорено, наскоро следува и потпис

Капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн ги договори сите услови од новиот договор со Баерн Минхен кој ќе трае до 2029 година, објави Скај спортс.

Со новиот договор, Кејн во Баерн ќе заработува 25 милиони евра по сезона.

„Хари Кејн и Баерн Минхен се на чекор до продолжување на соработката. Двете страни постигнаа усен договор и останува уште клубот да ги заврши административните работи, по што договорот ќе биде официјализиран“, објави новинарот на Скај спортс, Мајкл Бриџ.

Кејн во Баерн Минхен пристигна во 2023 година и на 156 натпревари за германскиот тим во сите натпреварувања постигна неверојатни 154 голови.

Се вчитува...