Фудбалерите на Милан славеа со убедливи 0:4 на гости кај Салзбург во натпреварот од второто коло во Лигата на Европа.
Ова е прв триумф за „росонерите“ во второто по квалитет европско клупско натпреварување, откако во првото коло на „Сан Сиро“ загубија со 0:2 од Бенфика.
FC Salzburg 0-[1] AC Milan – Alphadjo Cisse 15′
by
u/xggq in
soccer
Сисе беше одличен постигнувајќи хет-трик.
FC Salzburg 0-[3] AC Milan – Alphadjo Cisse hattrick 49′
by
u/xggq in
soccer
Првите два гола ги постигна во првото полувреме, во 15-та и во 32-та минута, а во 49-та минута го обезбеди триумфот на Милан. Конечниот резултат го постави Рамос во 72-та минута.
FC Salzburg 0-[4] AC Milan – Goncalo Ramos 72′
by
u/xggq in
soccer
Баер Леверкузен со убедливи 4:0 славеше на гости кај Лех и по две кола има две победи и гол-разлика 6:0.
Сите дилеми околу победникот беа решени во првото полувреме во кое „фармацевтите“ го постигнаа трите гола. Патрик Шик двапати ја тресеше мрежата на полскиот тим, во 29-та и во 41-та минута, а во листата на стрелци се запиша и Тилман со голо кој го даде во 32-та минута. Конечниот резултат го постави Маза во 89-та минута.
Олимпик Лион со 3:2 го доби дербито против Кристал Палас.
Резултати: АЗ – Хапоел 2:1, Целје – Омонија 0:3, Лех – Баер 0:4, Олимпик Лион – Кристал Палас 3:2, Унион Сен Жил – Реал Сосиедад 1:1, Салзбург – Милан 0:4, Спарта – Лилестром 1:1, Торенсе – Сандерленд 1:2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
