Лугано и Алиоски со пресврт до триумф над Црвена звезда, триумф и за Растодер на стартот во Лигата на Конференции

Екипата на Лугано за која настапува македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски со пресврт славеше против Црвена звезда во првото коло од Лигата на конференции.

Швајцарскиот тим победи со 3:2 и тоа со два гола во финишот со кои направи целосен пресврт.

Лугано го отвори резултатот во 25-та минута со голот на Ајети, но само седум минути подоцна, Елшник го израмни резултатот.

Во второто полувреме, Круниќ и донесе водство на Црвена звезда во 67-та минута, но во финишот, Лугано успеа да направи пресврт. Прво Момкада во 84-та минута израмни на 2:2, а пет минути подоцна, Гргиќ од пенал погоди за триумф на Лугано. Алиоски натпреварот го започна од клупата за резервни играчи, а во игра влезе во 79-та минута.

Панатинаикос со 2:1 го победи Борац Бања Лука, а македонскиот репрезентативец Елмин Растодер ги одигра последните десетина минути. Грчкиот тим поведе со 2:0 со головите на Десерс и на Кангва, а Борац намали во 80-та минута преку Јојиќ, но немаше сили за изненадување.

Резултати: ЦСКА Софија – Монако 1:2, Егнатиа – Митјиланд 1:1, Гент – Архус 1:0, Хајдук – Ајакс 2:1, КуПС – Трабзонспор 2:4, Лугано – Црвена звезда 3:2, Мјалби – Ескалдес 2:0, Панатинаикос – Борац 2:1, Рига – Каират 1:1, У. Крајова – Хетафе 1:1.

Се вчитува...