Инфантино се извини, но не достави никакви документи за продажбата на Светските првенства

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, му се извини на советот на ФИФА поради неговиот план за продажба на Светските првенства на приватни инвеститори.

И покрај извинувањето, Инфантино беше цел на сериозни критики од членовите на советот кои исто така побараа планот јавно да се објави.

Според Би-би-си, Инфантино на денешниот состанок на советот на ФИФА во Цирих, Швајцарија се извинил за планот кој на нозе ја крена целата светска јавност и фудбалските Федерации, но не достави никаква документација ниту пак објаснување за неговиот план.

Советот на ФИФА исто така побара детални информации од Инфантино и за случајот Балогун за време на Светското првенство кое летово се одржа во САД, Канада и Мексико и укинувањето на суспензијата поради црвениот картон.

Според Би-би-си, членовите на советот на ФИФА се незадоволни бидејќи Инфантино не им дал детални информации и за наводната интервенција на претседателот на САД, Доналд Трамп, да се укине суспензијата на Балогун.

Исто така е разговарано дали ФИФА треба и во иднина да доделува награда за мир. Прв добитник на оваа награда беше Трамп.

„Човекот мора да одговори на овие прашања. Ако не одговори, тогаш не е способен да биде претседател на ФИФА, изјави потпретседателката на ФИФА и претседателка на англиската фудбалска федерација.

Се вчитува...