Кошаркарите на Партизан по одличниот старт на сезоната во Евролигата и трите победи, влегоа во губитничка серија и го доживеаја третиот пораз во низа.
„Црно-белите“ вечерва се поразени во Истанбул од Фенербахче со 74:65 кој пак дојде до петтата победа во шестиот натпревар.
Гостите добро го започнаа натпреварот, поведоа со 0:6, а добрата игра им донесе предност од 12:19 по првата четвртина. Во вторите десет минути, кошаркарите на Фенербахче одиграа одлично во одбраната и го оставија противникот на само девет поени и на пауза заминаа со негатива од 25:28.
Третата четвртина минатата сезона беше „болка“ за играчите на Партизан, а се чини дека и оваа сезона имаат проблеми. Фенербахче го доби третиот период со убедливи 34:16, поведоа со 59:44 и ја обезбедија победата.
Во последната четвртина, турскиот тим рутински ја одржуваше предноста, не дозволи резултатска неизвесност и на крајот славеше со 74:65.
Шавон Шилдс со 17 поени беше најпрецизен со 17 поени, Хортон-Такер даде 14, додека кај Партизан најрасположени за игра беа Итан Томпсон со 13 и Стивенс и Хејс кои дадоа по 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
