Хајдук сигурно ќе биде казнет поради пиротехничкото шоу на „Торцида“

Фудбалерите на Хајдук со 2:1 го совладаа Ајакс во првото коло во Лигата на конференции, но триумфот го засенија навивачите на хрватскиот тим „Торцида“ кои поради пиротехничкиот перформанс го прекинаа натпреварот 12 минути.

Хајдук сигурно ќе добие казна бидејќи веќе има една условна казна со делумно затворање на „Пољуд“.

УЕФА го казнува користењето на пиротехника, фрлање на предмети на теренот, а повторувањето на слични прекршоци ќе донесат казни. За УЕФА, клубовите се виновни за нередите на трибините и според пропозициите Хајдук ќе заработи казна.

Една од можните казни е да се затворат дел од трибините на „Пољуд“ а втората е парична казна за Хајдук која би изнесувала најмалку 50.000 евра, а според хрватските медиуми Хајдук веројатно би бил казнет и парично и со затворање на дел од трибините.

 

 

 

Се вчитува...