Бенфика по Милан победи уште еден поранешен европски шампион, Јувентус со гол во 92-та минута до триумф во Виго

Фудбалерите на Бенфика имаат одличен старт во Лигата на Европа, остварувајќи ја и втората победа во второто коло во кое повторно беа подобри од поранешен европски шампион.

 

Benfica [1] – 0 Celtic – Jhon Duran panenka penalty 5′
by
u/OptimusCloyster in
soccer

По триумфот на „Сан Сиро“ над Милан (2:0), играчите на Бенфика вечерва со 4:1 го совлада Селтик.

 

Benfica [2]-0 Celtic – Alexander Bah 23′
by
u/xggq in
soccer

 

Лисабонските „Орли“ фуриозно го започнаа натпреварот, во петтата минута Дуран го отвори резултатот, а Бах во 23-та зголеми на 2:0. До крајот на првиот дел, Дуран уште еднаш се запиша во листата на стрелци и на Бенфика и обезбеди убедливи 3:0.

 

Benfica [3]-0 Celtic – Jhon Duran 36′
by
u/xggq in
soccer

Во второто полувреме, Селтик успеа само да го ублажи поразот. Конечниот резултат го постави Павлидис во финишот.

 

Benfica [4]-1 Celtic – Vangelis Pavlidis 89′
by
u/xggq in
soccer

Во Виго, Јувентус со гол во судиското продолжение дојде до триумф над Селта од 2:1.  Шпанскиот тим поведе преку Алварeз во 18-та минута, а во вториот дел Јувентус направи пресврт. Прво Волтермаде во 58-та минута израмни на 1:1, а голот за триумф го постигна Коло Муани во 92-та минута.

Бешикташ со 2:3 славеше на гостувањето кај Хофенхајм, а Олимпијакос со голот на Сантијаго Хезе го совлада Олимпик Марсеј како гостин.

Резултати: Бенфика – Селтик 4:1, Борнмут – Штурм 3:0, Селта – Јувентус 1:2, Динамо Загреб – Андерлехт 1:0, Ференцварош – Плзењ 2:0, Хофенхајм – Бешикташ 2:3, Јагиелонија – Арарат 3:1, Олимпик Марсеј – Олимпијакос 0:1, НЕК Нијмеген – Левски 1:1, Рен – ОФИ 2:1.

Се вчитува...