Екипата на Реал Мадрид по очајниот старт на сезоната кога нанижа три порази, влезе во победнички ритам и дојде до третиот триумф во низа.
Последна жртва на „кралевите“ е Асвел кој е совладан со 111:92. Натпреварот помина во доминација на кошаркарите на Реал Мадрид од првата до последната минута. Одлична партија одигра Андрес Фелис кој даде 26 поени.
Кошаркарите на Дубаи со 101:97 го совладаа Армани во Милано и многу веројатно му го потпиша отказот на Џузепе Поета.
Ова беше четврти триумф за Дубаи по шест кола, додека Милано е на дното на табелата со само една победа и дури пет порази.
Тимот на Дубаи во текот на целиот натпревар ги контролираше случувањата на теренот и не им даде никаква шанса на кошаркарите на Милано за пресврт. Милано последната четвртина ја доби со 29:18, дојде на минус два во финишот, но Двејн Бејкон со двете слободни фрлања ја завери победата на Дубаи.
Токму Бејкон со 29 поени беше најдобар во редовите на Дубаи, додека кај Милано најрасположен за игра беше Метјус со 21 постигнат поен.
Макаби со 88:91 славеше на гостувањето кај Валенсија и ја забележа втората победа сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
