Аталанта со победа тргна во Лигата на конференции, Елмас ја тресеше мрежата во првата минута

Екипата на Аталанта со триумф од 3:1 над Пафос ги стартуваше настапите во Лигата на конференции.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас се најде во стартната постава на Аталанта и веќе во првата минута го отвори резултатот.

По одличната акција од десната страна, Распадори ја уфрли топката во шеснаесетникот на Пафос, а Елмас во трк немаше проблем да ја смести топката во мрежата.

Ова воедно е прв гол за македонскиот репрезентативец за Аталанта сезонава.

До крајот на првиот дел, Аталанта постигна два гола и ја завери победата. Прво Распадори од пенал во 18-та минута зголеми на 2:0, а Скамака во 44-та минута погоди за 3:0. Во второто полувреме, гостите преку Буел само го ублажија поразот.

Фаворитската улога ја оправдаа и Брајкон кој со 4:0 го совлада Кауно, Фрајбург кој беше подобар од Јаблонец како и Твенте во дуелот со Тун.

Резултати: Аталанта – Пафос 3:1, Бран – Линколн 2:1, Брајтон – Кауно Жалгирис 4:0, Копенхаген – Брага 3:0, Фрајбург – Јаблонец 3:2, Хартс – Нордсјеланд 1:1, С. Труден – Иберија 2:0, Твенте – Тун 1:0.

Се вчитува...