Карик: Не знам ништо за мојата иднина, сакам и натаму да го водам Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, рече дека не е загрижен за одлуката на клубот да го задржи на менаџерската позиција на трајна основа.

Поранешниот играч од средниот ред беше назначен на привремена основа до крајот на сезоната, но значително ги подобри своите перформанси и изјави дека би сакал да остане и да продолжи со својата работа. Тој рече дека нема рок до кој би сакал да ја знае одлуката на клубот.

„Ми се допаѓа што сум тука, ми се допаѓа улогата во која сум. Имавме добри резултати и сме во форма, но сè уште има многу да се направи. Сакаме да се подобриме. Постојат нивоа на кои навистина сакаме да стигнеме. Ќе видиме. Вистинска привилегија е да се биде на оваа позиција. Немам рок за кој ќе знам за мојата иднина. Ќе биде јасно кога ќе биде јасно. Сега сум тука да му помогнам на тимот да дојде до што подобри резултати. Неивезнесота околу мојата иднина не влијае врз мене.“, изјави Карик.

Се вчитува...