Карикатурата на бесната Серена го мина „медиумскиот суд“, не била расистичка

Карикатурта на бесната Серена Вилијамс на која тенисерката скока над искршениот рекет, а инспирирана од инцидентот што го предизвика Амриканката на финалето на УС Опен, објавена во австралискиот Хералд Сан не ги прекршила новнарските сандарди.

Сатиричниот приказ на однесувањето на тенисерката не бил расистички ниту пак сексистички оцени Советот за медиуми во Австралија. Советот го прифатил објаснувањето на весникот дека карикатурата била само приказ на размазеното однесување на Серена која беше прикажана и како плука детска цуцла.

Објавата предизвика жестоки рекации бидејќи беше оценета како расистичка и на санкции кон медиумот повикаат значајни личности од јавниот живот меѓу кои и ќерката на Мартин Лутер Кинг, Бернис.

Се вчитува...