Карим Бензема вистинска легенда на Лигата на шампионите

Карим Бензема е еден од талисманите на Лигата на шампионите и не само поради бројот на постигнати голови туку и поради бројот на сезони одиграни во елитното натпреварување. Само Кристијано Роналдо, Лео Меси, Раул и Роберт Левандовски имаат повеќе голови од него.

Кога ќе истрча на дуелот на Реал Мадрид против Шахтјор в среда, Бензема ќе ја почне 17-те сезона во Лигата на шампините. Прв пат во контиенталната елита играше во сезоната 2004/05 како фудбалер на Лион. Капитенот на Реал Мадрид на пример, Серхио Рамос има 15 сезонаи во Лигата на шампионите, а повеќе сезони од Бензема имаат само Икер Касилјас 20 и Лео Меси кој е рекордер од активните играчи со 17 сезони во еворпската клупска елита.

Заедно со Рафаел Варан се едниствените Французи со по четири титули во Лигата на шампионите, а Бензема е Французинот со најмногу постигнати голови во елитното натпреварување. Зад него е и Тјери Анри.

 

 

Се вчитува...