„Кариоките“ ја стишија „црвената фурија“ – Бразил со ново злато ја одбрани титулата олимписки првак

Репрезентациите на Бразил и Шпанија денеска го одиграа последниот фудбалски меч од ЛОИ во Токио, „кариоките“ на овој двобој успеаа да бидат подобри, па и на овие олимписки игри како и на претходните уште еднаш го прославија освојувањето на злато.

Во првиот дел Бразилците покажаа поголема доминација и ја имаа контролата над играта. Додека „црвената фурија“ беше резервирана, фудбалерите на Бразил имаа неколку конктретни шанси за гол, а во 38. минута главниот арбитар досуди пенал за „кариоките“, но Ричарлисон не беше прецизен. Сепак, по осум минути игра, Матеус Куња најдобро се снајде во шеснаесетникот на Шпанија, па успеа одлично да ја прими топката на гради и да ја смести во мрежата, Бразил на полуверме замина со миниламно водство од 1-0.

Второто полувреме припадна на Шпанците, „црвената фурија“ уште на самиот почеток покрена иницијатива и успеа да креира неколку сериозни шанси за гол. Во 61. минута Микел Ојарзабал беше прецизен за Шпанија и донесе резултат од 1-1. До крајот на официјалните 90. минути видовме вистинска борба игра на двете страни, Бразил се спаси во последните минути, откако Шпанија во неколку наврати успеа да ја погоди гредата од голот на „кариоките“, па резултатот од 1-1 значеше продолжување на овој меч од пола час, двапати по 15 минути.

По кратката пауза, фудбалерите на Бразил покажаа поголема свежина во продолжението од овој финален натпревар, иако првото продолжение од 15 минути не донесе промена на резултатот, сепак, во второто и последно Бразилците не оставија ништо на случајот, ниту пак сакаа победникот да се решава на пенали, па повторно напшравија висок пресинг и создадоа неколку шанси, за веќе во 108. минута на сцена да настапи брзиот Малком, кој по еден одличен контра-напад успеа да постигне гол и да им донесе на „кариоките“ уште едно злато на ЛОИ.

Се вчитува...