Кариус во солзи, бараше прошка од навивачите во Киев (видео)

Лорис Кариус беше трагичарот на Ливерпул во големото финале, откако беше директен виновник за два од трите гола на Реал Марид во Киев.

Германскиот голман по завршувањето на средбата беше во солзи, барајќи прошка од навивачите, знаејќи дека завршниот исход можеше да биде поинаков доколку не ги направеше катастрофалните грешки во второто полувреме.

Јасно е, Ливерпул летово ќе купува нов голман, а Кариус дефинитивно ќе треба да си замине од „Енфилд“, дали летово или во некоја подалечна иднина.

Се вчитува...