Карло Анчелоти нема да биде нов селектор на италијанската фудбалска репрезентација откако трофејниот стратег ја одбил понудата што му била доставена. Како што објави весникот „Кориере дело спорт“, тој по средбата со челниците на Италијанската Фудбалска Федерација побарал неколку дена за да размисли, за на крајот да им соопшти дека нема да застане на кормилото на „аѕурите“.
Во период во кој неколку врвни екипи се без тренер Анчелоти верува дека може да се врати во Премиер-лигата, или во некој друг квалитетен европски клуб, што во секој случај е попримамлива опција од водење на националниот тим.
Како што јавува „Кориере“, сега во трката за селектор остануваат двајца стратези, Роберто Манчини и Клаудио Раниери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА