Прескап е Пеп Гвардиола за Италијанците, па веројатно ќе се свртат кон ново решение. Гвардиола бара годишна плата од 20 милиони евра, а Италија е подготвена да му даде 10. Одговорот ќе се чека до вторник, а во меѓувреме Италија преговара со неколку други имиња.
Федерацијата призна дека е во преговори и со искусниот Карло Анчелоти, кој во моментов е селектор на Бразил.
„Не можам да откријам што се случува. Едно од имињата е она за кое разговаравме, но го контактиравме и Анчелоти. Сметавме дека е исправно да почнеме со најдобрите во светот, за да го провериме нивниот општ став“, рече Паоло Малдини, технички директор на италијанската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
