Карлос Алкараз се пласираше во осминафиналето на Вимблдон откако славеше во 1/16 финалнат апресметка против Германецот Штруф со 3-1 во сетови. Шпанецот кој воедно е и бранител на трофејот не блеска на почетокот од овој турнир, во првото коло загуби два сета од Фоњини, а денеска повторно се мачеше да демонстрира надмоќ.
Алкараз одигра доминантно само во првиот сет што го доби со 6-1, но Штруф возврати израмнувајќи на 1-1 во сетови (3-6). Шпанецот го доби третиот сет со 3-6, а потоа во четвртиот по голема борба при 4-4 успеа да спаси неколку гејм-топки на Германецот, стигна до брејк и на крајот триумфираше со конечни 6-4.
Следен противник на бранителот на трофејот ќе биде Рубљов, кој денеска без многу проблеми славеше над Манарино од Франција со 3-0 во сетови.
Хачанов го доби маратонот против Португалецот Боргеш со 3-2 во сетови, Нори ја израдува домашната публика со триумф од 3-0 над Белучи, а пласман во осминафиналето обезбеди и Чилеанецот Јари со победата од 3-1 над Бразилецот Фонсека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА