Карлос Алкараз почна да тренира со лева рака (ВИДЕО)

Карлос Алкараз се врати на тренинзите, но го држи рекетот со левата рака. На видеото што самиот актуелен број 2 го објави на социјалните мрежи, можете да го видите како ја удира топката со раката што вообичаено ја користи само за бекхенд.

Алкараз се повреди кон средината на април во првото коло од серијата 500 во Барселона. Веднаш го предаде натпреварот од второто коло и го откажа учеството на Мастерсот во Мадрид. Потоа го стори истото и со турнирите во Рим и Ролан Гарос.

Уште тогаш беше јасно дека станува збор за сериозна повреда, а кога го откажа учеството на Вимблдон дури пет недели пред почетокот. Бидејќи играчите секогаш чекаат до последен момент за да се откажат од гранд-слем турнирите, па кога Алкараз го направи тоа дури пет недели порано, стана уште појасно колку е сериозна повредата.

Слична повреда го испрати Доминик Тим во пензија, а ниту Хуан Мартин дел Потро не се снајде многу подобро. Затоа Алкарас не сака ништо да ризикува и ќе почека додека не биде сигурен дека опасноста целосно поминала.

 

Се вчитува...