Карлос Саинц ќе го замени Алонсо во Мекларен

Младиот шпански возач Карлос Саинц Јуниор ќе го замени сонародникот Фернандо Алонсо во болидот на Мекларен, објави ЕСПН.

Саинц (23) кој сезонава се натпреварува за Рено, потпишал двегодишен договор со Меклаер и се очекува деновиве трафнсферот да биде официјализиран.

Алонсо во понеделникот објави дека во наредната сезона нема да вози во Формула 1. Според најавите, двојниот светски шампион во Ф1, најверојатно ќе продолжи да се натпреварува во американските серии Индикар. Шпанецот цели на „тројната круна“ во мотоспортот – победа на Ф1 трката за ГН на Монако, 24 часа Ле Ман и Инди 500.

Трансферот на Саинц во Мекларен, ќе му ги отвори вратите на Пјер Гасли во тимот на Ред Бул, најави ЕСПН.

Се вчитува...