Карловиќ и Зверев во второто коло во Мелбурн, Нишикори се спаси од срам

Иво Карловиќ победувајќи со 3-1 против Хуберт Харкач се пласираше во второто коло на Австралија опен.

Интересно, сите сетови беа завршени по тај-брејк каде Карловиќ е вистински мајстор. Првиот сет го доби полскиот тенисер а потоа Карловиќ останатите три.

До победа и пласман во следната рунда дојде и Александар Зверев кој без поголеми проблеми со 3-0 (6-4,6-1,6-4) го победи Бедене.

Во следното коло некако се пласираше и Кеи Нишикори кој прописно се намачи против Камил Мајчрзак. Во сетови беше 2-2 и се чинеше дека би можеле да видиме сензација, но полскиот тенисер поради повреда го предаде мечот во петтиот сет при резултат 3-0 за Јапонецот.

Уште на три меча победниците беа добиени откако противниците предадоа поради повреди.

Се вчитува...