Карловиќ загуби од квалификант за само 59 минути игра

Хрватот Иво Карловиќ загуби во 2. коло на АТП турнирот во Делреј бич, од квалификантот Роберто Квироз од Еквадор.

Изненадувачки, Карловиќ загуби за само 59 минути игра со 2-6, 4-6.

28-годишниот Еквадорец претходно никогаш не успеал да стигне до четвртфинале на АТП турнир, па сега ќе се соочи на патот до полуфиналето со Полјакот, Хуберт Хуркаш.

Се вчитува...