Кармело Ентони „ги закачи патиките“: За мене кошарката е повеќе од спорт…

Еден од најдобрите кошаркари од својата ера во НБА лигата, Кармело Ентони замина во пензија. Поранешниот ас на Денвер, Њујорк, Оклахома, Хјустон, Портланд и Лејкерс својата одлука ја соопшти преку социјалните мрежи.

Тој вели за него кошарката е повеќе од само спорт, а и се надева дека неговиот син како него ќе ги оствари своите соништа.

„Ги паметам деновите кога немав ништо. Само топка, терен и желба на направам нешто повеќе. Кошарката го одбележа мојот живот и животот на луѓето кои се околку мене и ми дадоа поддршка. 

Сега е време да се опростам од спортот кој ми даде се. Мојата приказна беше повеќе од самата кошарка. Се надевам дека мојот син ќе ги оствари своите соништа. Моето наследство живее преку тебе. Секогаш ќе бидам горд. Поздрав“, напиша Ентони.

Ентони ќе остане запомнет како еден од најдобрите поентери на 21. век. Во НБА лигата настапуваше од 2003 година кога беше избран како трет пик на драфтот на кој се најде и Леброн Џејмс.

Се вчитува...